CДCM: Ce yште cмe мeѓy земjите со нajниска цена на стpyja во Евpoпа

Регулаторната комисија која ја донесе Одлуката за корекција за цената, е независна и високо професионална институција која во изминативе 2 години направи и спроведе одлични реформи во својот делокруг.

Оттука, веруваме дека нивните одлуки се професионално димензионирани во насока на заштита на интересите и на граѓаните и на компаниите, стои во соопштението од СДСМ, по објавата на РКЕ дека ќе поскапи струјата во земјава.

„И со корекцијата на цената, Република Северна Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа.

Пандемијата со коронавирусот што ја зафати нашата земја но и целиот свет го погоди и енергетскиот сектор на глобално ниво.

Потрошувачката на струја драстично се намали.

Од друга страна, во овој период на вонредна состојба енергетскиот сектор одговори на задачата и граѓаните имаа струја постојано. Дополнително се покажа одговорност и во ваква состојба обезбедено е пролонгирано плаќање на сметките без камати, како и да нема исклучување од енергетските системи во време на вонредна состојба. Ова е резултат на здравите енергетски политики и континуираните инвестиции во зголемување на домашното производство и обезбедување на сигурна и стабилна испорака на електрична енергија.

За да сe задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби за потрошувачката кои неминовно следуваат, цената на електричната енергија се корегира за 7,42% односно за сметка од 1500 денари ќе има корекција од околу 100 денари. За да се заштитат граѓаните евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега.

Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невранотените лица кои најмногу ја користат оваа мерка.

СДСМ во изминатите 3 години направи сериозни реформи во енергетиката. Се покажа дека реформскиот процес во енергетиката за заштита на потрошувачите, транзицијата на замена на јаглен со сонце- на обновливите извори на енергија и правото на избор се единствениот вистински пат кој гарантира отпорност на енергетскиот сектор и во вакви нови околности за сите“, информираат од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.