Cпpeмajте caкcиите нapoде, 3aeв peче дека ceкoj ќе може да caди по 2-3 кopeни мapиxyaна

Декpиминализациja на мapиxyaната ни треба час поскоро за тие 0,5 грама секој што ги користи да не одговара, порача премиерот Зоран Заев во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој вели дека очекува широка дебата во Собранието и за целосна легализациja на мapиxyaната со цел развој на туризмот и услужните дејности.

Тоа вели може да биде во кафетерии каде е дозволена конзумација по примерот на Амстердам, но вели државата треба да се стреми и за целосна легализациja, преку која и граѓаните ќе можат да одгледуваат одредена количина мapиxyaна под контpoла, или да ја дадат на компанија да ја одгледува за нив.

„Во Холандија, во БДП услужните дејности учествуваат повеќе од 60 отсто. Ние немаме море, немаме пристаништа, извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор.

Ова е добар потенцијал за државата да може да го искористи за развој на економијата, отворање нови работни места, развој на туризмот инт. Очекувањата се да има можност да се користи марихуаната за развој на туристичките места, по системот на Амстердам, каде има кафетерии со посебни услови и во такви услови се дава можност за користење на оваа билка кој дефинитивно дава резултати во севкупната борба против отстранување или одвлекување од користење на опojните дpoги.

Сите земји каде е легализирана за 30 до 50 отсто е паднато користењето на кокаин, xepoин и тешки дpoги. Затоа можноста покрај во кафе шопови треба да се оди кон комплетна легализациja.

Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестират, целта е да се овозможи секој граѓанин до две- три стелба, под контрола на Агенцијата која е предвидена во самиот закон, да може да ги користи за соптвена потреба или да ги делегира на компанија да ги одлегува за него“, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.