Ветингот е целосно спроведен во Агенцијата за национална безбедност, а процесот продолжува во Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју во емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“.
Спасовски, истовремено, најави и дека припадниците на МВР наскоро нема да можат да членуваат во партии.
– Имаме направено низа на законски измени кои ќе бидат во владина и собраниска процедура, пред сѐ деполитизација на полицијата; припадниците нема да можат да членуваат во партии и нема да бидат во раководните тела на партиите, рече Спасовски.