Cпоменик од пpилепски мepмер веќе 25 години cведочи за кошаркapcкиот Moцapт во Лозана (Фото)

Целиот свет се воодушевуваше од играта на ,,кошаркарскиот Моцарт,, Хрватот Дражен Петровиќ, кој кариерата предвреме ја заврши на 28 години, по тpaгичната cмpт во cooбpaќajната нecpeќа на 7 јуни 1993 година.

Целиот спортски свет му оддаде заслужена почит. За трајно сеќавање се наметнала идејата за споменик од најубавиот материјал, каков што заслужуваат само великаните. Не морало долго да се трага, оти светот знае дека најубавиот мермер е во Прилеп.

И ден-денес на медиумите кога се зборува за Дражен Петровиќ, често се спомнува и споменикот, на кого се работело скоро две години. Што се случувало? По погpeбот, предлог за споменик дал Хуан Антонио Самаранч, почесниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет.

Споменикот да биде поставен во Паркот на водечката спортска организација – Меѓународниот олимписки комитет во Лозана, Швајцарија. Образложение – особени заслуги на Петровиќ за светската кошарка и спортот. За автор на споменикот е избран академскиот вајар Васко Липовац од Сплит.

Негов избор е прилепскиот мермер, во кој успеал да го овековечи прочуениот кошаркар, во момент кога е во акција – напад.

Како течел процесот? За реализација на идејата на Липовац, од прилепскиот рудник Сивец до погоните на компанијата Камен од Пазин, однесен е 22 тони тежок блок, кој по белината, изгледот и воопшто како материјал, го сметале како идеален за вајарски креации.

Блокот прво е расечен на пет дела од кои се извлечени 16 плочи со дебелина од по 15 сантиметри, на кои каменоресците од Брач, тројцата браќа Ивица, Ненад и Жељко Низетиќ, како и Перо Рајчевиќ, според скицата на Липовац го извајале препознатливиот лик на Дражен Петровиќ.

Сите елементи, од близу осум тони тешкиот споменик, кој се состои од 16 мермерни плочи, 109 килограми тешка камена топка, повеќе од 1200 килограми тешка конструкција од инокс – челик, сето тоа е пренесено од Хрватска до Лозана.

Споменикот, на 29 април 1995 година, во присуство на многубројни видни гости, е откриен од тогашниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман.

Ѕвезда во пет клуба

Бекот – плејмејкер, Дражен Петровиќ се смета за најдобар европски кошаркар на сите времиња. Почна во Шибенка, продолжи во Цибона од Загреб, со која освои две титули европски шампион, а потоа блесна во шпанскиот Реал Мадрид. На крајот печат остави и во американската НБА, во екипите Портланд и Њу Џерси.

Настапуваше и за две репрезентации. Со Југославија освои бронза и сребро на Олимпијада, злато и бронза на Европско, злато и бронза на Светско. Со Хрватска го освои последниот медал – сребро на Олимпијадата во Барцелона 1992 година.

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.