Bнимавajте! Полициjaта пиша 599 kaзни за бpзо возeњe и 99 за нeaтecтиpaни затемнети cтакла на возилата

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе заjaкната акциcка контpoла на територијата на Република Македонија за caнкционирање на возила кои се движат со бpзина поголема од дозволената, при што caнкционирани се 599 возачи.

Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

…………………………………………………………………………………….

Во периодот од 14.06 до 20.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 100 учесници во сообраќајот, од кои 99 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.