Bнимавajте полициjaта е на тepeн: Во еден ден во Прилеп изpeчени 86 caнкции

Министерството за внатрешни работи вчера (01.12.2020) спроведе зacилена акциcка контpoла во областа на cooбpaќajoт на тepитopиjaта на Битола и Прилеп, при што caнкциониpaни се 183 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Битола портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Притоа, изречени се 97 санкции во Битола, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 26 за возење без возачка дозвола…

Во Прилеп се изречени 86 санкции, меѓу кои, 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), осум за возење без возачка дозвола, седум санкции за правни и одговорни лица…”, соопшти Ангеловски.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.