Bиcтинcки дебакл за пapтиjaта на Mepкел на вчepaшните избopи во Гepманиja

Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел вчера претрпе убедлив пораз на регионалните избори во две сојузни покраини.

Во покраината Баден-Виртемберг, ЦДУ доби поддршка од 24 проценти, додека во Рајнската Област – Пфалц, предвидувања се дека ќе добие само 27 отсто, пишува Би-би-си.

Овие порази ги доведуваат во прашање изгледите лидерот на партијата Армин Лашет да стане премиер на федералните избори во септември.

Изборите за законодавни тела во југозападните провинции Баден-Виртемберг и Рајнска област-Пфалц го започнаа изборниот маратон, кој ќе кулминира со федералните избори на 26 септември, пишува АП.

Во јануари ЦДУ го избра Армин Лашет за нов партиски лидер, но неговата кандидатура за канцелар не е загарантирана, а негов ривал е Маркус Содер, кој е лидер на сестринската партија на ЦДУ, баварската ЦСУ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.