Почитувани родители!
Ја имате можноста за прв пат во нашиот град во Едукативниот Центар Јазичен Пулс Прилеп, Вашите деца да ја посетуваат светски распротанетата програма Браинобраин.
Најдете време, посетете го центарот и информирајте се за сè што нуди програмата и одлучете… Вашето дете ќе ви биде благодарно, а воедно среќно и задоволно.
– А што е всушност Brainobrain?
Тоа е програма за развој на умствените способности и целосен развој на личноста на децата, која е моделирана врз основа долгогодишни истражувања од страна на разни институции што се занимаваат со истражување на мозокот. Утврдено е дека детскиот мозок најинтензивно се развива и формира во периодот меѓу 4 и 14 година од животот. Од таа причина нашата програма Браинобраин е наменета за децата. Во тој период од животот најлесно се впиваат и обработуваат информации, така што важно е умствените вежби или како што ние ги нарекуваме во нашата програма, ментална гимнастика да се применува што е можно порано и почесто. Кој е резултатот? Зголемен капацитет на мозокот!
Се работи со строго определени техники и со професионално обучен кадар. Во текот на предавањата децата учат визуелно, слуховно и кинестетички (со допир) да решат определена математичка задача. При тоа, со комбинирање на повеќе чувства се одвива интензивен развој на мозокот кој доведува до генијални способности. Тоа ви е нешто како да правите склекови за мозокот и да го поттикнете развојот на двете мозочни хемисфери подеднакво.
- Со какви придобивки се здобиваат децата во вашиот центар?
Учениците се стекнуваат со вештини кои понатаму ќе им помогнат да бидат најдобри во сè: во учењето на училиште, на факултет и во нивниот професионален развој кој понатаму ќе го одберат.
Главната цел на програмата е секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност и да оствари повеќе цели во животот користејќи ги максимално своите ментални капацитети.
Со развивање на мозокот децата стануваат самосвесни и одговорни и го подобруваат квалитетот на живеење.
Со зголемен интелектуален капацитет и емоционална интелегенција, го подобруваат и светот околу себе.
Нашата мисија во центарот Јазичен ПУЛС е да создадеме самосвесни и одговорни луѓе кои со своето однесување и активност ќе бидат позитивен пример за сите.
- Која е динамиката на програмата?
Програмата е поделена во 10-12 степени со времетраење од 3-4 месеци. Часовите се одржуваат еднаш неделно, а траат два саати (120 минути). После секој степен се полага тест и се добива меѓународен сертификат. Она што е најважно е дека се работи во мали групи и во забавна атмосфера, со задачи што се соодветни на возраста на децата.
- Колку децата треба да вежбаат?
Потребни се само 15 минути дневно вежбање дома и редовно доаѓање на часовите.
За подетални информации околу методите и техниките за работа, родителите може да не контактираат и да закажат презентација и бесплатен демонстративен час во Јазичен ПУЛС или на телефон 078/361-530.
Нашата препорака е да го вклучите мозокот на вашите деца на време!!!