Времето ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 35 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.