“Времеплов” е ново македонско музичко парче и прва заедничка соработка на Моника Стојкоска и Кing Cold, или Стефан Стојкоски.
Станува збор за првенче на двајца млади артисти од Охрид со музичка позадина. “Времеплов” е песна за една искрена љубов која и покрај сите напори не завршува среќно. Искрена и емоитивна, регетон, рап и поп микс на музика со чиста сентиментална порака.
-Давајте се целосно но внимавајте да не се изгубите себеси. Љубовта знае да боли а лекцијата која се учи е доживотна. Верувам дека кога ќе го слушнете текстот ќе ви биде се појасно, вели пејачката Моника Стојкоска која е и еден од авторите на текстот.
Музиката и монтажата на видеото е на Стефан Стојкоски а мастерингот е во соработка со Наум Долоски Мечка од Warrior Production, гитара Јордан Трајаноски Парго,пијано Ивана Гаврилова, аранжман Арбен Бајрам. Видеото за љубовната приказна е снимено во Охрид од страна Јован Ристески.
За артистите:
King Cold со продуцирање музика се занимава повеќе од 10 години. Има соработка и со охридскиот јутјубер Wik Kakarotski за песната „300 бензин 200 плин“ како и во песната “Криза” со Парго и Зоки Зоц.
Моника Стојкоска е дипломец на Музичката академија во Штип, отсек флејта. Ова е нејзин ваков прв проект а со музика се занимава уште од 8 годишна возраст во охридското основно музичко училиште “Методи Патчев”. Учествувала и на неколку детски музички фестивали.
Песната е проект на новата аудио видео продукција од Охрид New Tone, создадена од млади артисти со желба и талент за нова музика и свежина на домашната музичка сцена.
Слушнете во продолжение: