Bpие цел регион: Вучиќ повикал итен состанок по дипломатcкиот ckaндал во Црна Гора

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажал итен состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, на кој ќе разговараат за надворешнополитичките проблеми, односите во регионот, со посебен акцент на последните настани во Црна Гора, пренесува српски Курир.

Како што пишува порталот, можно е српскиот претседател без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, да побара смирување на Србите кои живеат во оваа држава.

Состанокот е закажан за денес во 18 часот, а кои мерки ќе ги преземе Србија сеуште не е познато. Стабилизирањето на односите со Црна Гора е од големо значење за Србија и регионот, особено поради тоа што односите со Косово се значително нарушени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.