Bpие на coциjaлните мpeжи: Tyтyнapите излажани, ќе ја блокиpaaт Македониja, лиcтот xapтиja бил лага (ФОТО)

Откако во петокот начелно беше постигнат договор помеѓу тутунарите, министерството и откупувачите, во мирување беа ставени и блокадите на патиштата.

Но, се чини дека постигнатата согласност била само парче хартија.

Утрово тутунарите ги преплавија социјалните мрежи и тврдат дека откупувачите не се придржуваат до она што беше договорено, а тоа е флексибилна линија и реално ценење на трудот.

Претставниците на Иницијативниот одбор најавуваат дека до вечерва ќе се знае кои ќе бидат нивните идни чекори и дали ќе следуваат нови блокади на патиштата.

Производителите бараат одново да се вратат на протести и да го блокираат планинскиот превој Плетвар, Стража и други патишта.

Се најавува дури и протест пред Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.