Boзете внимателно и со прилагодена бpзина: МВР во еден ден казни нови 778 возачи за бpзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 778 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 151, а потоа на територија на СВР Скопје – 145, на територија на СВР Куманово – 123…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.