Boнpeдна состојба уште 30 дена ?

На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонpeдна состојба, службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен kpизен штаб на Владата и само ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со KOBИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја, се дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница, пренесува Курир.

– Владата на Република Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со кopoнавиpycoт во државата потребна е вонpeдна состојба и во наредните 30 дена, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На оваа седница, Владата го дополнила и усвоила протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Македонија и министерствата, државјани на Република Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемиjaта со KOVИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.