Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата, вели ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството.
Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, како и 0% данок за младите.
Ниските даноци ќе бидат мотор за намалување на невработеноста која мора да биде едноцифрена.
За економски раст потребна е борба против корупцијата. Македонија мора да биде на листата на првите 50 држави на листата на Транспаренси кои се борат против корупција.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора врата до мудрите луѓе на Македонија, да помогнат да ја вратиме надежта и енергијата во општеството и државата како што ја имало кај граѓаните кога се формирала државата.
Македонија во догледно време мора да има стандард како една Австрија. Државата мора да биде дел од ЕУ“, се вели во соопштението.