дома блог

Николоски: За прв пат во историја на авиосообраќајот, три милиони патници на скопскиот аеродром

Три милиони патници на скопскиот аеродром е нешто што прв пат се случува на историјата на Македонија. Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, имаме континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, на бизнисот му овозможуваме подобри комуникации и врски, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Меѓународниот Аеродром Скопје, каде симболично беше одбележн три милионитиот превезен патник.

На семејство кое патуваше од Скопје за Бари како избран три милионитот патник, вицепремиерот Николоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт му врачија честитики и симболична награда од ТАВ Македонија.

“Зеднички можеме да постигнуваме огромни резултати. Драго што ова прекрасно семејство кој што денеска патува до Бари ја имаше таа среќа да биде три милионитиот патник кој што го гледа скопскиот аеродром. Ако направиме споредба што нешто се случуваше пред неколку децении на скопскиот аеродром претпоставувам дека тоа било незамисливо кога почнал да се развива овој аеродром. Но скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион. Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала”, истакна Николоски.

Вицепремиерот потенцираше дека бројот на патници бележи континуиран раст.

“Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200 илјади патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300 илјади патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3, 5 милиони патници. А тука е растот, оваа година имаме континуиран раст, Ако во Март имаме раст од 6 % раст, Април 9 %, Мај 8 %, Јуни 12 %, Јули 7 %, Август 9 %, Септември 8 %, Октомври 12 %, веќе во Ноември имаме 25 % раст споредено со минатата година што значи за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат на македонските аеродроми” – рече вицепремиерот.

Тој најави и нови дестинации во 2026 година.

“Скопје-Наполи започнува од 6 април, Скопје-Будимпешта исто така почнува на 6 април, Охрид -Катовице заапочнува на 28 јуни, Охрид – Вроцлав на 28 јуни и Охрид-Милано на 28 јуни следната година. Ако на ова додадеме дека Аустриан Ерлајнс започнува со редовни линии Виена -Охрид, навистина имаме убави вести. Се надевам дека в’година, ако не 4 милиони, барем 3, 5 милиони патници да прославиме тука од скопскиот аеродром”– додаде вицепремиерот Николоски.

СЕКОЈА ЧЕСТ! Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата ќе бидат искористени за Советувалиште за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село. Благодарение на поддршката од граѓаните за акцијата со која од секој купен Стоби Флипс се издвојуваше дел, со собраните средства ќе се овозможи континуирана експертска едукација за шеесет деца и млади на возраст од 6 до 18 години кои растат без родителска грижа и се соочуваат со последици од трауматски искуства, емоционални и развојни предизвици, како и различни когнитивни потешкотии.

Средствата ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, преку кој децата ќе добијат индивидуални сесии со психолози и специјални едукатори, како и терапевтски третмани во сензорна соба за оние кои имаат потреба од дополнителна поддршка во емоционалниот и когнитивниот развој. Овие услуги се од суштинско значење за нивното зајакнување, подобро справување со кризи и градење основа за здрав личен раст.

Од СОС Детско село Македонија истакнуваат дека поддршката е од огромно значење за континуитетот на нивната мисија. „Од срце им благодариме на Витаминка и на сите граѓани кои ја поддржаа кампањата. Витаминка уште еднаш покажа што значи вистинска општествена одговорност и посветеност кон децата. Благодарение на ова партнерство, можеме непречено да продолжиме да обезбедуваме стручна грижа и поддршка за секое дете, со верба во нивната подобра иднина,“ велат од организацијата.

За што поуспешно спроведување на кампањата за Стоби Флипс беше изработена и специјална амбалажа со што купувачите беа информирани за своето учество во донацијата и придонесе за подигнување на јавната свест и обезбедување поголема поддршка за децата без родителска грижа.

Од Витаминка додаваат дека се горди што кампањата успеала да ја мобилизира јавноста и да создаде реална промена. „Нашата цел беше да потсетиме дека секој мал гест на солидарност може да донесе голема разлика. Благодарни сме што потрошувачите ја препознаа важноста на оваа приказна и ни помогнаа заедно да донесеме надеж, грижа и поддршка таму каде што е најпотребно“, истакна Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во Витаминка.

Со оваа кампања, Витаминка и Стоби Флипс уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон најмладите и даваат силен пример за тоа како компаниите, заедно со граѓаните, можат да создадат поподно, похумано и посреќно општество за секое дете.

Домаќините “МАТАДОР” и “БИМФOOД” ве канат на заедничка прослава на патронот Св. НИКОЛА

Компаниите „Матадор“ и „Бимфуд“, ги канат сите граѓани да бидат дел од централното одбележување на Градската слава и патрон празникот на Прилеп – Св. Никола.

Оваа година Прилеп одбележува 20 години од донесувањето на Одлука на Совет, со која Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, беше прогласен за заштитник на градот – јубилеј кој е причина плус во што поголем број да се собереме во центарот на градот и заеднички да се поклониме и помолиме на нашиот патрон.

Одбележувањето ќе започне во 08:00 часот со Свечена литургија во храмот „Св. Благовештение“.

Централното чествување продолжува во 12:00 часот пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, каде ќе се изврши водоосветување и прережување на славскиот колач.

Веднаш потоа на плоштадот „Александрија“, ќе биде организирана традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничниот амбиент ќе го збогати настапот на музичката група „Тајфата“ на Камената бина.

Повелете за Св. Никола во Прилеп! Нека е за многу години и напомош!

Наместо на сметка на болницата, 15 милиони ги ставил в џеб? Благајник е новиот уапсен во случајот со прилепската болница

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА” од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ.

-Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020-та година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021-ва година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари, информираат од Финансиската полиција.

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп.

Лишени од слобода шест лица во прилепско поради „незаконит лов“, одземени шест ловечки пушки

На 11.12.2025 во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“. При контрола на патничко возило „мерцедес” со шведски национални ознаки, кое го управувал С.А., а другите лица биле сопатници, пронајдени се шест ловечки пушки, како и пакување со свежо месо исечено на парчиња.

Тие се задржани во ОВР Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

ЕКСКЛУЗИВНО! Еве која фирма ќе биде домаќин за Св.Никола в година

На 19. декември градот под “Марковите Кули” уште еднаш ќе го прослави својот заштитник, Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест. Ова ќе биде 18. пат прилепчани заедно да ја чествуваат градската слава и заштитникот на градот, а оваа година домаќини се општествено одговорните компании “МАТАДОР” и “БИМФУД”.

РУСТИКА КЕТЕРИНГ – компанијата која ќе биде задолжена за вкусната трпеза оваа година, ќе биде домаќин догодина.

За прилепчани и сите гости, од РУСТИКА ќе подготват богата трпеза во центарот на градот, која не може да се замисли без малите посни сармички, вкусното светиниколско гравче и секако риба.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот вредните прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

Повелете на Св. Никола во Прилеп!

Прилепско јавно претпријатие со загуба од речиси пола милион евра – покажа најновото истражување на ЦГК

Долг од 193 милиони евра имаат 126 јавни претпријатија кои работат на територијата на Македонија, покажа последното истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – објави “ПРИЗМА”

Во листата предничат скопските јавни претпријатија, каде новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ќе има тешка задача да го консолидира недомаќинското работење во изминатите години.

Следуваат јавните претпријатија од Битола, а во топ 10 има и едно прилепско – Јавното комунално претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА.

Според податоците од истражувањето, ЈКП Водовод и канализација Прилеп, на крајот од 2024 год. имал загуба од 463.000 евра, или околу половина милион евра.

Истражувањето не покажува дали јавните претпријатија од листата имаат дополнителни загуби во 2025год.

Целото истражување погледнете го ТУКА

Четири лица уапсени на ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Вардар во Битола

Фото/ФБ/И моето дете ќе навива за Пелистер

РК Е.Пелистер му го нанесе првиот пораз на Вардар сезонава во Суперлигата, мечот мина со две навивачки групи, а Министерството за Внатрешни Работи (МВР) информира дека има уапсени лица на овој дуел.

„На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство.“, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

На 13 декември 2025 година, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведено комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, брза динамика и препознатливи арии со децении ја освојува светската и домашната публика.

Изведбата ќе се одржи под диригентство на Маестро Џанлука Мартиненги (Италија), со режија на Урсула Хорнер (Австрија), сценографија на Марија Ветероска и костимографија на Марија Пупучевска. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

На сцената ќе настапат истакнати солисти: Роберто де Кандиа (Италија), Николина Јаневска, Чанг Ванг (Кина), Владимир Саздовски, Јанош Носек (Полска), Злата Тошевска Димовска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, како и Анастасија Грговска на чембало, заедно со хорот и оркестарот на МОБ.

„Севилскиот бербер“ е едно од најзначајните и најпопуларни дела на Росини – композитор чиј препознатлив музички јазик, виртуозност и ритмичност создаваат неповторлива сценска енергија.

Видеолотарија Касинос Австрија, како силен поддржувач на културните иницијативи, со гордост стои зад настаните што ја збогатуваат културната сцена во земјата. Поддршката на уметноста е составен дел од корпоративната стратегија на компанијата, бидејќи веруваме дека културата е двигател на инспирација, духовноста, заедништво и општествениот напредок.

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска (ФОТО)

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и екипата на Бабец театарот со „На гости кај Кате и Фреда“, по делото на Ингеборг Фон Задов, двете претстави во режија на Јован Ристовски, успешно се претставија во Трелеборг, Шведска каде гостуваа на покана на македонско шведското друштво Пелистер. Публиката воодушевена од двете претстави, ги поздрави актерите и режисерот со долготраен аплауз.

„Ви благодариме Васко и Јуле за прекрасната глума и емоциите што ги оставивте на ,,штиците што живот значат”. Ви благодариме и вам, наши гости и љубители на театарот, што ни покажавте и уште еднаш докажавте дека се’ додека има макар и еден посетител вреди да се изигра претставата. Со купените билети публиката го помага работењето на ,,Македонска Библиотека Трелеборг” и придонесува во развојот на македонската заедница во Шведска“, истакнаа организаторите.

,,Ако останеш дома” е драма во еден чин, во која главните улоги ги играат Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски. Секојдневна приказна во која се препознаваат млади брачни парови. Инспирацијата за претставата на режисерот му била секојдневието на обичните луѓе. Сценографијата на претставата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а продукцијата е од сопствени средства на Битолскиот Народен театар.

Драмскиот детски текст “На гости кај Кате и Фреда” важи за еден од најдобрите германски современи драмски дела наменети за детската популација, односно за возраст од 5 +. Оваа исклучителна драма е важна бидејќи ја разработува темата за промени, инклузија, прифаќање и неприфаќањето на различностите и една од најважните теми – емпатијата.

„Глумците – фантастични, публиката уште пофантастична. Многу смеа и радост кај најмалите. Да ни се множат ваквите настани и насмевките кај децата драги Македонци“, додаваат организаторите.

Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катарина Аневска Дранговска, Марија Стефановска. За сцената и костимите се погрижи Јован Ристовски, дизајн на светло Игор Мицевски. Премиерата на претставата беше изведена во рамките на ИДТФ Битолино, по повод 14.роденден на Бабец театарот.