Beчepва пpиcтигнyвaaт пpвите Авганиcтанци во Maкедониja

Вечерва, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе пристигнат граѓани од Авганистан, соопшти прес службата на Владата на Република Mакедонија.

Според информациите во Скопје вечерва ќе пристигне група од 149 граѓани.

Владата претходно најави дека во земјата се очекуваат вкупно 780 бегалци од земјата која влезе во нова фаза на нестабилност откако талибанците повторно ја освоија власта.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во изјава за ТВ Канал 5 не можеше да потврди колкава ќе биде конечната бројка на бегалци кои ќе пристигнат во земјата поради проблемите со евакуацијата на аеродромот во Кабул со кој се соочуваат западните сојузници.

Тој сепак уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни затоа што нема основа за нарушување на безбедносната состојба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.