Прилепчани и синоќа останаа верни на традицијата и ги распалија коледарските огнови низ градските населби и во населените места.
За разлика од годините пред пандемијата, оваа година огнови имаше помалку, но доволно за да се зачува и продолжи вековната традиција.
Со гравче, риба, сармички, топла ракија и црвено винце, прилепчани го искористија топлото време и празнуваа до доцните вечерни часови.
За многу години!