Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, денеска го посети древниот манастир Св. Богородица Трескавец.
Јовчески заедно со пратеникот Антонио Милошоски остварија средба и разговор со Отец Калист.
– Манастирот Трескавец, еден прилепски бисер и македонско културно наследство. Добра мисла и убави разговори со домаќинот отец Калист. Срдечен поздрав до сите – напиша Д-р Борче на Фејсбук.