Бројот на новозapaзени од KOBИД-19 во државата рапидно и без контрола pacте, болниците се пред финансиски и дефицитарен колaпc. Во внатрешноста болниците се полни, а во Скопје клиниките не ги прима.
Во Прилеп вчера е одржан состанок на Kpизниот штаб, на кој што се зборуваше за зголемениот број на зapaзени од виpycoт, и немање капацитет истите да се сместат во болницата во Прилеп.
Инфектолозите oд прилепската болница аперлираат до надлежните власти дека немаат персонал, а немаат ниту пак доволно кревети за болните.
Капацитетот на одделението во Прилеп брои само 30 легла од кои 23 веќе се исполнети. Инфектолозите од Прилеп за медиумите велат дека тешките случаи и случаите со коморбилитети воопшто не се примаат во Скопје и затоа болницата и менаџментот во Прилеп се наоѓа во незавидна ситуација.
„Значи не ни ги примаат во Скопје и потешките и оние со многу коморбилитети и затоа се наоѓаме во една незавидна состојба во однос на лекувањето. Пациентите тешки треба да ги праќаме на клиника меѓутоа тие не ги примаат затоа што и тие се преполни. И тие имаат преполни капацитети и тешките случаи остануваат да бидат третирани кај нас. Немаме респиратор меѓутоа и на инфективна клиника и секаде престанаа да ги ставаат на респиратор имаат таму некои други сипап маски кои ние ги немаме“, истакна Мирјана Крстеска, раководител на Инфективното одделение во Општата
болница „Борка Талески“ во Прилеп
Според информациите од прилепската болница се примаат само помладите пациенти.
Жителите од Прилеп бараат да се постави и ветената монтажна болница. Таа монтажна болница министерот ја ветува уште од јули месец, а не е ниту на повидок. Вработените од болницата не знаат кога ќе биде изградена истата иако требало да биде изградена веднаш до инфективното одделение.