Црквата Св. Благовештение (Стара црква) од Прилеп преку социјалните мрежи повика граѓаните да инсистираат на пописот да бидат заведени како православни христијани, а не само како христијани.
-Драги браќа и сестри, доколку учествувате на ПОПИСОТ и давате податоци, инсистирајте да се заведе ПРАВОСЛАВЕН, за да не им дадеме простор да ни го деградираат и омаловажуваат нашето Свето Православие, на оние, на кои им пречат СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НАШАТА СВЕТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА. Да ги надмудриме лукавите и да инсистираме на целосно запишување како: ПРАВОСЛАВЕН, а не само како христијанин – пишува во соопштението од црквата Св. Благовештение од Прилеп.