Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ е нов член на Ац Милан и ќе игра во тандем со Златан Ибрахимовиќ во нападот на италијанскиот гигант.
Хрватскиот голгетер потпиша договор до крајот на сезоната со опција да продолжи уште една сезона.
Тие двајца заедно имаат 73 години и го рушат просекот во навистина младиот тим на Милан.
Во овој момент ниту еден тим во Европа не може да се пофали дека има ваков тандем. Имено двајцата фудбалери заедно имаат постигнато 744 голови и подигнале 54 трофеи.