На 11 мај 2021 година, во време од 09.00 до 21.30 часот на стрелиштето “Леково“ ќе се реализира боево гаѓање, стои во соопштението од Центарот за управување со кризи Прилеп.
„За тој период од денот реонот на стрелиштето „Леково“ е забранета зона. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето.
Се предупредуваат сите лица кои по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето доколку најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги фаќаат и за тоа да ги известат органите на МВР и командата на гарнизонот во Прилеп“, се вели во соопштението од ЦУК Прилеп.