Низ светските медиуми се шират фотографии и видеа од Израел и животот на Израелците пост карантин и пост вакцинација.
Со „зелениот пасош“, дигитална апликација за потврда за апликација, граѓаните се враќаат на нормалниот живот и може да посетуваат спортски и културни настани, теретани, свадби…Конечно отворени се и кафулињата, а Тел Авив ужива во новата слобода.
Израел, држава со околу девет милиони жители, националната кампања за вакцинација ја почна на 19 декември и таа досега е една од најуспешните во светот, пренесе ДПА. Бројот на сериозно заболени лица значително се намали во последните неколку недели, како и бројот на нови случаи.
Tel Aviv! ???
What life looks like post-lockdown and post-vaccines.
pic.twitter.com/KY8hmtwMV7— Xavi Ruiz (@xruiztru) March 16, 2021
Повеќе од 5,2 милиони Израелци досега ја примиле првата доза од вакцината, а 4,3 милиони ја примиле и втората доза.
Израел досега потроши околу 785 милиони долари на вакцини против Ковид-19, изјави денеска официјален претставник на Министерството за финансии на седница на парламентарниот комитет, пренесе ДПА.
Tel Aviv two nights ago. https://t.co/RyM3H5aG3X pic.twitter.com/CbayuRfkM9
— Dan Senor (@dansenor) March 9, 2021
Израел досега има купено вкупно 15 милиони дози вакцини, иако портпаролот на Министерството за здравство одби да ја потврди оваа бројка, повикувајќи се на договорите за доверливост.
Израелските власти потрошија околу 2,6 милијарди шекели за купување вакцини од неколку производители, се слушна пред парламентарниот комитет. Оваа земја досега користеше речиси исклучиво вакцини на „Фајзер“/ „БиоНТек“ .
Цената на вакцината во просек беше околу 52 долари по доза, далеку повеќе од сумата што ја платија многу европски земји.
Just got my second shot!#vaccinated #Israel #TelAviv pic.twitter.com/uo6VCrk6HY
— Ashager Araro (@AshagerAraro) March 10, 2021