Aркан молел на колена: „Наталија, ќе ја истерам Цеца, ти само врати ми се, имаме четири деца заедно“

Воин Ражнатовиќ, син на Аркан, во книгата „Приказните за мојот татко“ открива непознати детали за неговиот живот. Посебен дел во книгата Воин посветува на разводот меѓу Жељко и неговата мајка Наталија Мартиновиќ, за што најголем виновник била Цеца.

 

vojin-razbnjatovic-640x376

Аркан ја изневерувал сопругата со Цеца уште додека биле во брак, па кога Наталија дознала, веднаш ги спакувала куферите и заминала во Италија.

-Мајка ми само ми кажа да ги спакуваме куферите. Го зедов вокменот со касетата на Цеца и заминавме , раскажува Воин во книгата.

Кога пристигнале во Италија, Аркан ѝ се јавил на сопругата, а таа му се дерела по телефон. Воин вели дека го чул својот татко како вели на слушалката: „Наталија, ќе ја истерам другата, ти само врати ми се, имаме четири деца заедно“.

Кога Воин ја прашал мајка си која е таа жена, таа му одговорила дека токму онаа што ја слушаат на касета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.