AПЕЛ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП: Потребни се луѓе!

11027476_951661194922279_2251354830494082304_n

Општина Прилеп апелира до сите хумани граѓани дека се потребни доброволци кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите во скопско. Јавете се на тел. 048/401 701 и биде дел од хуманите луѓе. Оставете име,презиме и тел.број за контакт.

Инаку општина рано утринава испрати повеќе луѓе, механизација, пумпи и хуманитарна помош за настраданите семејства од катастрофалното невреме што го зафати главниот град.

Во акцијата се вклучија над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми -Црн Бор Прилеп,  екипи од противпожарната единица, од Македонија пат – подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп. Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена  и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски памперси, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот кој го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст – Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи – Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа.

 

Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.