Aнализа на Протоереј Љупче Петрески: “ДАЛИ СУДОТ ЌЕ ГО ИСПОЧИТУВА СУДОТ”

(Aнализа на Протоереј Љупче Петрески)

„Истражувајќи“ налетав не една одлука на Уставниот суд од 2010 г. во врска со некаква иницијатива на Светскиот македонски конгрес за менување на некои членови во законот за Референдум. Небитно во случајов. Битно за случајов, е образложението кое судот го дава „подолу“ во текстот.

В очи ми паднаа подолу посочените три пасуси од образложението на судот. Мислам дека не треба да се биде правен стручњак за да се разбере што сака да каже судот. Во првиот случај, од судот јасно е образложено во кои случаи се распишува ЗАДОЛЖИТЕЛЕН референдум.

Нас не интересира третиот случај, односно „кога треба да се донесе одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави (член 120), во случајов НАТО и ЕУ. Од ова можеме да заклучиме дека Владата и Собранието го прекржуваат Законот за референдум затоа што распишаа КОНСУЛТАТИВЕН а не ЗАДОЛЖИТЕЛЕН референдум.

Во вториот случај, како што, ако не грешам, тврдеше и Апасиев, и од она што јас го разбирам, произлегува дека на предстојниов референдум, за да биде успешен, „ЗА“ треба да гласаат 903. 169 гласачи, односно 50% плус еден од избирачкиот список, а не 50% плус еден од 903.169 избирачи.

Во третиот случај, оној збор ПРЕТХОДНО, повторно ја потврдува незаконитоста на сега распишаниот референдум, односно ПОСЛЕ потпишување на договорот со Грција, т.е. „прашање од пошироко значење за Република Македонија“.

Иако не сум правник, мојот здрав разум ми вели дека, секоја друга одлука на Уставниот суд освен поништување на референдумот, а имајќи ги предвид практиките на Судот во минатото, ќе значи непочитување на Судот од страна на Судот.

– Уставот утврдува три случаи на задолжителен референдум: ако предлог за распишување поднесат најмалку 150.000 избирачи (член 73 став 3), кога треба да се донесе одлука за менување на границите на Република Македонија (член 74) и кога треба да се донесе одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави (член 120).

– Согласно член 120 став 3 од Уставот одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдумот за неа гласало МНОЗИНСТВОТО ОД ВКУПНИОТ БРОЈ ИЗБИРАЧИ.“

– … консултативен референдум на државно ниво може да распише Собранието на Република Македонија, за ПРЕТХОДНО консултурање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија…“

У.бр.260/2009
26 мај 2010 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски
и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

p.s.затоа БОЈКОТИРАМ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.