Американката Ела Вашингтон (89) дипломирала на Универзитетот Либерти во Вирџинија, но не планира да остане на тоа, туку сака да го продолжи образованието и да стане магистер.
Како што пишуваат американските медиуми, се омажила многу млада и брзо потоа станала мајка. Напорно работела и не можела да продолжи со образованието на факултет, што од секогаш и било сон. Работела како чувар во Пентагон, а потоа се учела и станала медицинска сестра во старски дом, каде работела до пред шест години.
“Немаше многу прилики за работа за младите Афроамериканки во тоа време, но работела напорно се’ што можела, со цел да ни обезбеди се”, рекла нејзината ќерка Елен Мичел.
Пред шест години нејзината ќерка ја убедила да запише онлајн факултет, па изборот паднал на Универзитетот Либерти.
Hey #ProudLUAlum! Check out Ella Washington, who worked full time and put her 12 children through school and never abandoned her educational goals! https://t.co/mY4vnsE5IR pic.twitter.com/48ruZOx0cJ
— Liberty Alumni (@LibertyUAlum) May 24, 2018
“Ја сакам историјата. Тоа ми е омилениот предмет. Секој би требало да ја познава својата историја и да учи за нејзе. Многу луѓе не ја знаат добро својата историја”, рекла Ела.
Порачала дека образованието е најважната работа во животот која ги обликува луѓето и им дава прилика да го добијат најдоброто од животот.