Руската и американската амбасада во Македонија се најдоа во редок дуел на Твитер пред два дена, кој многумина од корисниците на оваа социјална мрежа го нарекоа “Tвитер војна”.
Во четвртокот попладнето американската амбасада во Македонија објави за загадениот воздух во главниот град.
“Загаденоста на воздухот е толку голема денеска, што е многу тешко да се види амбасадата! Какви идеи имате за почист воздух во Македонија”, стеше во објавата.
#AirPollution in Skopje was so thick today, you could hardly see the embassy! What ideas do you have for cleaner air in #Macedonia? pic.twitter.com/7sFKJRkIm0
— US Embassy Macedonia (@usembassymkd) December 14, 2017
Неколку часа подоцна со своја реакција се јави руската амбасада. Па, на нивниот профил на Твитер напишаа:
“Ако нашите пријатели од американската амбасада бараат решенија за загадениот воздух во Македонија, ние би сакале да помогнеме со решение”.
As our friends from @usembassymkd are searching for ideas for the air pollution in Macedonia we want to help with a solution. #TurkishStream pic.twitter.com/IVpN3dxSlc
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) December 14, 2017
Притоа под напишаниот текст стои сликата на рускиот гасовод, или така наречен “Турски тек” кој требаше да поминува низ државава.
Вчера пак со свој коментар на Твитер се јави и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, според кој друг руски гасовод нема да донесе чист воздух во Македонија.
Not Twitter war. We asked Macedonia’s citizens a question about near term steps to clean air. Another Russian pipeline won’t do that. The U.S. supports Macedonia’s desire to bring gas to Macedonia’s cities and a diversity of gas supplies for Macedonia and Europe. https://t.co/pMl0aeyB9F
— Amb. Jess Baily (@AmbBaily) December 15, 2017
“Не е Твитер војна. Ги прашавме македонските граѓани прашање за блиски чекори до чист воздух. Друг руски гасовод нема да го стори тоа. САД ја поддржуваат желбата на Македонија да го доведе гасот во македонските градови и разновидноста во снабдувањето со гас за Македонија и Европа”, стои на профилот од амбасадорот Бејли на Твитер
Аналитичарот и новинар Цветин Чилиманов на Фејсбук го толкуваше ваквото пишување.
“Му требаа 24 часа, ама премиерот Бејли смисли одговор на коментарот на руската амбасада која го понуди Турски поток како решение за загадувањето. Според Бејли, ние веќе сме имале руски гасовод и не ни требал уште еден. Плус Америка ќе не поддржела за други извори на гас. А сите знаеме дека не се споредува оваа слепо црево цевка што ја имаме сега со тоа да си на главната рута на голем гасовод. Исто така знаеме дека нема абер од американска алтернатива.
И така сега знаеме и на која адреса лежи вината за загадувањето. Не ти дозволува да користиш руски гас како што прави цела Европа, а не ти нуди ни некаква алтернатива. Баш го заболе премиерот дали сите ќе цркнеме без воздух”, напиша Чилиманов.
Дали одново со одговор ќе се јави и руската амбасада ќе видиме наскоро.