“Aктуелниот градоначалник предлагаше милион денари награда за Победа, сега треба да додели минимум 3?!” (ВИДЕО)

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски, во 2016 година во улога на координатор на тогашната советничка група на ОО СДСМ Прилеп, преку прес конференција предлагаше премија од 1 милион денари за пласманот на фудбалерите на ФК Победа во Првата фудбалска лига.

Јованоски тогаш беше придружуван од сегашниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески.

Како потсетување фудбалерите на Победа во саботата изборија опстанок во Првата фудбалска лига, преку “плеј-аут” дуелот со велешки Борец.

Победа и следната сезона ќе се натпреварува во најелитното фудбалско првенство, а од премијата која тогаш беше барана, денеска нема трага и глас.

Еве како актуелниот градоначалник во 2016 година се бореше за премија од 1 милион денари за црвено-белите победаши:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.