Градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставници од Локалната самоуправа, ја посетија индустриската зона „Прилеп 1“ каде се гради на големо, а локалната самоуправа веќе инфраструктурно го доуредува овој простор.
„Денес сме во посета на ИЗ „Прилеп 1“ и понатаму локалната самоуправа продолжува да работи на инфраструктурните проекти да ја зокружи оваа зона. Редовно правиме посета на месец, месец и пол да видиме што треба да се сработи во договор со сите овие инвеститори што купија земјиште и веќе градат или веќе ги привршуваат изградените објекти во оваа зона“ кажа градоначалникот Ристески.
Во оваа зона ќе има 15 објекти во кои ќе бидат вработени околу 1.500 до 2.000 лица. Локалната самоуправа овде има инвестирано милион евра од Буџетот и донацијата од Светска банка во висина од 125 илјади евра. Во моментов изграден е поголем дел од инфраструктурата во индустриската зона „Прилеп 1“.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека оваа зона ќе биде една од најубавите зони, а сите останати кои ќе се изградат по неа ќе треба да го следат нејзиниот пример.