Aко некој ја спаси Џенова тоа ќе биде Пандев: Само што влезе во игра постигна маестрален погодок(Видео)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и донесе важни три бода на Џенова во битката за опстанок во италијанската Сериа А.

Гранде Пандев стрелаше во финишот на првиот дел и тоа само четири минути откако влезе во игра.

Погодокот на Пандев и водството од 1:0 беше и краен резултат на натпреварот против Калјари.

За Пандев ова е петти гол сезонава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.