“Aко дадеш ас ќе ти купам ќебапи”: Ноле доби понуда од трибините за време на натпревар (Видео)

Машката тениска репрезентација на Србија оствари нова победа на новоформираниот АТП куп, а најголемо внимание привлече вториот рекет на светот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го совлада Кристијан Харин со 6:3, 6:3. Еден потег против Чилеанецот го насмеа популарниот Ноле, како и целата публика.

За време на вториот сет се подготвуваше да сервира, а од трибините стигна понуда.

“Ако направиш ас, ќе ти купам ќебапи”, порача еден од навивачите.

И самиот Ѓоковиќ се насмеа и одговори: “Задржи ги брате, не јадам јас”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.