Како дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилпе, синоќа во собраниската сала на општина Прилеп, свое предавање имаше Академик, проф д-р Валентин Мирчески.
Мирчески кој е професор по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на својот ,,Aкадемски час” зборуваше за почетокот на универзумот, поврзувајќи ја својата област – хемијата со суштината на светот, како нераздвоен дел од универзумот.
Присутните, во преполната сала имаа одлична можност да слушнат и да научат многу од областа на природните науки, а проф Мирчески успеја сето негово предавање да го долови со едноставни примери и да ги воодушеви присутните.
Академик, д-р Мирчески е добитник на една од третоноемвриските награди за животно дело, која вечерва ќе му биде доделена на свечената седница на Советот.
Минатата година, кога проф. Мирчески беше избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, имавме чест преку интервју разговор да дознаеме повеќе за неговите достигнувања.
Интервјуто можете да го проследите на линкот во продолжение: