AДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ ВО ПРИЛЕП: Викендов ќе се одржи првата “Топташ родео” трка

На 21. јуни АДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ во Прилеп – за прв пат во Македонија Хард Ендуро клубот од градот под Марковите Кули, за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп организира “Хард ендуро трка – Топташ Родео 2025”.

На настанот се пријавени повеќе од 30 учесници, кои ќе се натпреваруваат на патеката, која организаторот “Хард Ендуро – Прилеп” ја подготви за овoј настан.

-Ги покануваме сите кои сакаат да гледаат ваков несекојдневен настан да дојдат во што поголем број. Настанот започнува во 9:00 часот наутро, а ќе трае до 18:00 часот, стои во поканата од организаторите кои имаат подготвено богата програма за целиот натпреварувачки ден.

Инаку, патеката се наоѓа од задната страна на месноста Топташ. Најлесно се стигнува по асфалтниот пат за манастирот Св. Димитрија – Селце, па се исклучувате на макадам патот за Топташ и стартот е на некои 200 метри од асфалтот. На влезот на макадам патот ќе има табла со логото на “Хард Ендуро Прилеп” oзначено со стрелка.

Подетални информации за настанот и за локацијата може да најдете на Фејсбук страната: Hard Enduro Prilep

Од клубот Хард Ендуро – Прилеп упатуваат посебна благодарност до сите, кои со својот допринос помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп.

Благодарност до ПИ “Витаминка – Прилеп” АД, која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.

Благодарност до ЈКП “Водовод и канализација – Прилеп”, кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристап за возила до стартот на патеката

Благодарност до “КДС Кабелнет” и “Греен Мобиле” кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.