Aдминистративците и помошниот персонал во здравствениот сектор на денешниот пpoтecт: “Mинистре и ние имаме деца за гледање” (Фото)

„Дела, а не само зборови“, “Министре и ние имаме деца за гледање” – Вакви пораки упатија административците и помошниот персонал во здравствениот сектор на денешниот протест до министерот Филипче.

Лути, протестираа оти, здравствените власти ги изоставија од последниот бран на покачување на платите на лекарите и медицинските сестри најавен за од февруари наредната година.

Црвена линија повлекуваат на 10 % раст на платите. А освен тужби, најавија и претставки, за оценка на уставноста на договорите.

Тие бараат од Синдикатите да не го потпишуваат колективниот договор, а со тоа нема да има поголеми плати за лекарите и медицинските сестри. Од Синдикатот на Клинички, од каде го поддржаа протестот, велат дека се ставени „во небрано“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.