AЦА ЛУКАС ВО ПРИТВОР!!!

Пејачот по враќањето од Швајцарија во Србија отишол во полициската станица во Нов Белград, како бил сослушан.

962a1042-2880x1920-830x0

Полицијата го предала Лукас на обвинителот кој го сослушал, а потоа му одредил протвор, дознава српски Телеграф.

За потсетување, драмата помеѓу Аца и неговата сопруга Соња Вуксановиќ започна вчера, кога таа го пријавила во полиција поради наводен физички напад, обвинувајќи го дека ја претепал.

После тоа, околу 19:30 часот Соња била на преглед во Ургентниот центар. Два часа подоцна, Лукас во разговор за Телеграф кажал што се случило, велејќи дека Соња лаже дека ја тепал.

1503842836086-962a0320-830x0

-“Дојдов сам во станот само да се поздравам со ќерка ми, затоа што заминувам на пат. Отидов да си направам кафе, кога таа започна да ме навредува. Ја удрив со ногата затоа што ме гаѓаше со садови по главата и не ме оставаше да излезам. Таа модрица која ја покажува на ногата не е од тоа. Модрицата и ја направил Марко Јариќ, или можеби некој кој исто така се вика Марко”, рекол Лукас.

 

A/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.