AПОКАЛИПТИЧЕН ПОЖАР во струмичко: Салон за мебел изгоре до темел, избегната поголема катастрофа (ВИДЕО)

Салон за мебел целосно изгоре во пожарот кој избувна околу 14 часот на влезот во Индустриската зона кај Василево. Во пожарот, кој е локализиран, нема повредени. Причините за неговото избувнување дополнително ќе се истражуваат.

Според очевидци, пожарот избувнал одеднаш, а први го забележале вработените во бензинската пумпа, која од салонот за мебел ја дели само една улица, преку која се влегува во Индустриската зона. Тие веднаш ја алармирале Противпожарната единица на Струмица и ја повикале полицијата.

Во гаснењето на пожарот учествуваа неколку возила на Противпожарната единица на Струмица и едно од Радовиш.

Среќа во несреќа е што во близина на салонот се наоѓала и бензинска пумпа, која за среќа не била зафатена од огнот.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.