AПЛИЦИРАЈТЕ: Објавен е огласот за надомест на трошоци за ПВЦ или алуминиумска дограма

Министерството за економија вчера го објави Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата во 2018-та година.

Според наведеното, граѓаните може да добијат субвенции до 50% од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.

Право на аплицирање имаат оние кои ќе купат и вградат прозорци по денот на објавување на огласот до 31 август годинава.

Деталите за условите и начинот на поднеување на барањето може да ги најдете во ОГЛАСОТ на веб страната на Министерството за економија.

Оваа мерка е донесена од претходната Влада и успешно се спроведува изминатите години.

Ланската година до Министерството пристигнати беа 723 барања, а во буџетот на државата беа предвидени 20 милиони денари за оваа намена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.