САД не исклучуваат воено решение на сирискиот конфликт и оставаат можност да ги нападнат силите на Дамаск, рекла амбасадорката на Америка во Обединетите Нации, Ники Хејли, за време на предавање на универзитетот во Чикаго.
“Во секоја ситуација военото решение се смета за една од опциите”, рекла Хејли.
Таа додала дека “САД не сакаат да бидат во центарот на сирискиот конфликт”, но дека мораат да направат се’ во своја моќ за да им помогнат на Сиријците.
Ники Хејли истакнала дека претседателот Доналд Трамп дал ветување дека ќе го прошири воениот сектор и ќе ја прошири можноста за воени акции.
Амбасадорката на САД во ОН рекла дека сириските власти се свесни дека Америка може да преземе воени дејствија.