Пелистер ја порази Шкендија во 25-тото финале на Купот на Македонија. Пенал рулетот му ја донесе втората титула на битолчани, откако во регуларните 90 минути и продолженијата резултатот беше 0:0.
Во ударите од белата точка Пелистер беше подобар со 3:4 и донесе големо славје кај многубројните навивачи на стадионот “Младост” во Струмица.
После натпреварот во соблекувалната на Пелистер грмеше песната “Aко одам во Битола”.
Погледнете го видеото во продолжение:
А.Г.