Граѓани и наши читатели деновиве испраќаат фотографии со купишта ѓубре од разни делови во Прилеп. Најновите се од типската населба и од старите градски гробишта.
Ај што дел од граѓаните ни се несовесни и неразбрани, па својот отпад го оставаат и фрлаат кај ќе најдат, по тротоари, улици, паркови, па и комуналното претпријатие не ни е за “машала”…
Фотографиите од градските гробишта се направени денеска, на втор ден Духовден, денови кога прилепчани масовно ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски.
На оваа слика реагираат и свештените лица, кои ги повикуваат комуналците да обрнат повеќе внимание на гробиштата, пред се затоа што се во нивна надлежност.