На Сандра и е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.
Сандра се наоѓа во Yeditepe University Hospital, Педијатрискиот центар за трансплантација на матични клетки во Истанбул, Турција.
-На 26-ти април 2019 година и’ беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца. Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, апелираат од семејството.
Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:
070-143-127
200002729851107 MKD
банка: Стопанска банка АД Скопје
SWIFT CODE:STOBMK2X
IBAN: MK07200002729853241 EUR
beneficiary: Lenche Nicheska
адреса: село Коњско, Охрид