A сите се грижите како ќе се надоместеле изгубените часови – А што паметно ќе научат учениците од вакви учебници?

Бројни апсурдни и нелогични грешки содржи новиот учебник по Историја и општество од кој учат петооделенците во основните училишта во Македонија. Примерите на грешките се шират по социјалните мрежи на кои граѓаните укажуваат дека грешките треба што побрзо да се исправат.

Така, во овој учебник, кој Министерството за образование го издало на 3 ноември а претходно бил одобрен од Национална комисија за учебници, може да се најдат целосно погрешни податоци. Во него, на пример, е наведено дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а дека Мртвото море се наоѓа на цели 1.400 метри под нивото на земјата!? Во учебникот, кој деновиве се дистрибуираше до учениците, се „открива“ и дека источен сосед на Република Северна Македонија е Албанија, а западен сосед е Бугарија…

Вака изнесените податоци се целосно невистинити. Во коментарите на граѓаните се наведува дека најверојатно се работи за технички грешки но кои се недозволиви.

-Монт Еверест навистина е висок 29.305, ама не метри, туку стапки. Онојкој преведувал и кој го уредувал изданието не виделе дека станува збор за друга мерна единица – стапка. Ако стапките се претворат во метри, се добива точно 8.849 метри. Најниската точка во Мртвото Море е 427 метри под нула надморска височина, се укажува во коментарите.

Автори на учебникот се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, има дури тројца рецензенти, Беса Хавзиу – Исламили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска, а стручна реакција и уредник е Орданка Мицкова. Од надлежните органи, од Министерството за образование и од Национална комисија за учебници денеска не се јавија со коментар за тоа за какви грешки станува збор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.