Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на телевизија ТВ21 изјави дека дури и да трае оваа Влада една година, последните 100 дена на чело на Владата ќе имаме премиер Албанец кој ќе биде предложен од страна на ДУИ.
-И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ, рече Ахмети.
Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, додаде тој, макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа.