Денес поради влијанието на фронталниот систем која ни се приближува од запад и северозапад ќе настапи дестабилизирање на атмосферата во Македонија. Поради тоа денес (17.09.2016) времето во Македонија ќе биде сончево , топло и спарно со умерена облачност. Ќе биде ветровито , односно ќе дува умерен , на некои места повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд , грмежи и засиелен ветер. Локално не се исклучува можноста за поинтензивни атмосферски процеси.
Температурата ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени.