Aпасиев: “Сакавте војна, ќе добиете војна, коцката е фрлена” – Професорот го објави своето Уверение (ФОТО)

(Фејсбук статус на универзитетскиот професор Димитар Апасиев)

“Пред некоја недела, едно комуњарско квазиновинарско ботче, шо се одзива на името Поликлинико, бесправно објави мој личен податок поврзан со текот на моите правни студии и полагани испити на „Јустинијан Први“.
Притоа, документот (кој го добил веројатно по удбашки инсајдерски канали) го беше затемнил онака како што му кажале провладините загарчиња, за да спинува дека – пази молим те – сум учел Руски јазик.

Па, за да нема забуни во јавноста – еве го УВЕРЕНИЕТО во целина, па луѓето сами нека си проценат 🙂

p.s. Во овој албум, насловен како „СЛУЧАЈОТ АПАСИЕВ“ деновиве ќе ги објавам и сите документи до кои дојдов за хајката и инквизициската постапка која тајно, без мое знаење, се водела против мене од месец април до месец септември – преку Државниот просветен инспекторат, а иницирана од Влада на Република Македонија. Ќе има сочни детали 😉

p.p.s. Сакате војна – ќе добиете ВОЈНА!

#AleaIactaEst”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.