Aнѓушев и Заев и понатаму си играат со судбината на 260 вработени?! Дајте ни го заработениот леб или доаѓаме пред влада! (ВИДЕО)

Вработените во Еурокомпозит Прилеп и денес излегоа на протест и го блокираа патот Прилеп-Гратско речиси два часа.

Според претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски тие бараат исплата на две плати веднаш за да продолжат со работа како и решавање еднаш за секогаш на овој проблем кој со години е присутен во компанијата.

Според Богданоски, претставници од компанијата одржале средба со вице премиерот Анѓушев минатиот петок, на која од побараните две плати им била ветена по една, која досега не е исплатена.

Вработените побараа и итна средба со премиерот Зоран Заев, а во спротивно наредната недела ќе протестираат пред владата на Република Македонија во Скопје.

Според познавачите на ситуацијата, вработените навистина поминуваат низ голгота веќе подолг временски период, за плата може само да сонуваат, придонесите не им се плаќаат ниту пак имаат здравствено осигурување!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.