Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска на својот Инстаграм профил денеска повторно се извини по повод скандалозното фрлање на македонското знаме за време на Свеченото отворање на Евровизија.
„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови“, пишува Коевска.