Aна (21) е ескорт дама и отворено говори за тоа: Мои клиенти се холивудските ѕвезди, а заработувам и до 9.000 фунти за една ноќ

Атрактивната Литванка Ана (21) не се срами отворено да говори за деталите на својата контроверзна професија. Таа е ескорт дама и тоа за богати клиенти, меѓу кои и холивудски ѕвезди, а како што вели заработува и до 9.000 фунти за една ноќ, пишува српски Блиц.

Ана вели дека еден од нејзините редовни муштерии е познато холивудско лице, кое не сакала да го обелодени, но открива дека игра во една популарна серија која се емитува на “Нетфликс”. Исто така на списокот на редовни клиенти се европски фудбалери, со кои по нејзиното признание, организира оргии. Сепак, половина од нејзините клиенти се бизнисмени

“Моментално преку агенција се гледам со една холивудска ѕвезда која на некој начин е мој “татко”. Тоа значи дека се гледаме еднаш или два пати неделно, за возврат покрај надоместок за услугата, добивам и шопинг картичка, а тој плаќа и за мојата кирија”, вели Aна.

Kaко што вели, работи низ целиот свет. Како пример го споменува Абу Даби каде неодамна проследила трка од Формула 1. За време од 2 години во кои работи како ескорт, вели дека запознала повеќе од 30 холивудски ѕвезди. Клиентите ги плаќале нејзините трошоци, но и често и купувале поклони. Најскапиот поклон кој го добила е прочуената торба “Хермес”, вредна 30.000 долари.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.